Магазин
Спектакуларниот свет на „пустинскиот бран“ во Арзиона
Брановите и пустината тешко дека можат да одат заедно. Меѓутоа, во светот постои едно место кое со причина се вика пустински бран. И изгледа навистина спектакуларно!
„Бран“ во пустината во Аризона е надалеку познатата карпа во форма на нестварен бран.
Оваа необична геолошка креација, сместена во близина на границата меѓу Аризона и соседната држава Јута, веќе со децении претставува незаобиколна точка на маршутите на бројни планинари, кампери и фотографи, кои не штедат време за да ја фатат сета нејзина величенственост во различни периоди од денот, па и годината.
Последни меѓу таквите се Гевин Хефернан и Харун Мехмедовиќ, кои својот магичен видео-запис го направиле со монтажа 10.000 свои фотографии.
Сето тоа што природата го креирала уште од периодот на јура, кога овој бран настанал, совршено се гледа на нивната уметничка инсталација.