Магазин
СПРИНГФИЛД ВЕ СОВЕТУВА: 7 предлози за совршено лето
Springfield – најпознатиот моден бренд за млади, ја претстави својата нова летна кампања со учество на Марио Касас, ѕвездата од филмот “Три метри над небото”, и Урсула Корберo, позната шпанска актерка и модел.
И Марио и Урсула се многу популарни помеѓу помладата генерација, не само во Шпанија, туку и во многу земји во светот.
Токму тоа е и причината зошто тие се избрани да ги понесат главните улоги во новиот моден-филм на Springfield, којшто е исполнет со неверојатна летна атмосфера и дух на позитивност, а главната идеја на кампањата е дека совршеното лето може да биде на било кој ден и во било кое време од годината.