СРЕЌЕН РОДЕНДЕН: Принцезата Шарлот полни 4 години (ФОТО)
Да, и ние не можевме да веруваме дека поминаа четири години од раѓањето на принцезата Шарлот, а секако Кејт не ја пропушти шансата да направи фотографии за оваа специјална пригода.
Војвотката од Кембриџ е љубител на фотографијата и сама ги прави фотографиите на нејзините деца, па неодамна имавме шанса да ги видиме најновите од принцот Луи по повод неговиот прв роденден.
Принцезата е порасната и изгледа преслатко на фотографиите објавени на официјалниот инстаграм профил на британската палата:
Таа на едната фотографија е облечена во сино пролетно фустанче, а во останатите две носи карирано здолниште.
Очигледно мама Кејт обожува да ги фотографира своите деца во природа.