Занимливости
Стјуардеси на Туркиш ерлајнс породија Французинка на височина од 13 илјади метри
Стјуардеси од турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ помогнаа на француска државјанка да роди на височина 13 илјади метри, јави Анадолија.повикувајќи се на агенцијата Анадолија.
Патничката родила дете во авионот, кој патувал на релација Конакри (Гвинеја) – Уагадугу (Буркина Фасо) – Истанбул (Турција).
За време на летот Диаби Нафи добила контракции и стјуардесите биле принудени да станат акушерки.
Младата мајка и новороденото девојче биле однесени во болница по слетувањето на авионот во Уагадугу.