Занимливости
СТУДЕН БРАН ВО АМЕРИКА: Замрзна куќа на брегот на езерото Онтарио
Куќа којашто се наоѓа на брегот на езерото Онтарио во американската сојузна држава Њујорк, целосно замрзна поради студениот ветер и огромните езерски бранови, коишто цела вечер ја плискале куќата.
Невообичаено студено време, со обилни снежни наноси и силен ветер, го опфати целиот тој реон минатата седмица.
Необичната глетка на куќата ја забележал фотографот Џон Куко, кој и ги објави сликите на социјалните мрежи.
– Се зачудив колку луѓе сметаат дека овие фотографии се монтажа или дека сум ја напрскал куќата со пена, изјави фотографот за Би-Би-Си.