Магазин
Света Елена – местото во кое најголема навреда е да не го поздравите случајниот минувач
До изолираниот бисер на Атлантскиот океан, островот Света Елена, што веќе 500 години се наоѓа под британскат круна, може да се дојде само со брод.
Света Елена е сместена 2.000 километри западно од реката Куена, што се наоѓа на границата меѓу Намибија и Ангола, во југозападниот дел на Африка, и 4.000 километри источно од Рио де Жанеиро.
Површината на островот е 121 квадратни километри, а според пописот од 2008 година на него живеат 4.255 жители. Затоа не е чудно што жителите се многу љубезни и пријателски настроени кон сите, што дури луѓето таму своите автомобили ги оставаат отклучени, а клучевите во бравите.
Според посетитетлите, најголемо злосторство на островот е да не ги поздравите случајните минувачи на улица.
Островот било ненаселено кога Португалците го откриле во 1502 година, а со векови било важна попатна станица за бродовите што патувале кон Европа од Азија и Јужна Африка.
Островот е познат и по тоа што по поразот кај Ватерло и егзилот, Наполен своето засолниште го нашол токму тука.
По 500 години изолација, работите на островот ќе се променат. Додека до неодамна бродовите до Света Елена возеле еднаш месечно, сега на овој остров слетуваат и авиони. Изграден е аеродром, а првиот комерцијален лет беше реализиран минатата година.
Се очекува сериозен раст на туристите, а тука навистина има што да се види: планинарски патеки низ вулкански ридови, стари камени тврдини што даваат прекрасен поглед кон морето, огромни ајкули, два национални парка, музеи и др.