Занимливости
Светски ден на насмевката
Уште во 1963 година Харви Бол, уметник од Масачусец, создаде икона без која не можеме да ја замислиме денешната преписка на мобилните телефони или компјутерите – роден е смајли. Тој одлучи секој прв петок во октомври да е Ден на смајли.
Се друго што е поврзано за емотиконите смајли е историја, а во 1999 година првпат е одбележан Светскиот ден на насмевката.
Две години подоцна Харви почина, но во негова чест е покрената светската Фондација Харви Болд смајли со слоганот „Да се направи светот подобро место насмевка по насмевка“. Фондацијатфа Смајл е воедно и „главниот виновник“, што секоја година се оддржува Ворлд смајл деј (Светски ден на насмевката) кјој се одбележува двапати годишно во јануари и мај. Од фондацијата и денеска ги повикуваат сите граѓани на светот некому да измамат насмевка.
Познато е дека насмевката, или уште подобро смеењето на цел глас, носи серии бенетики за здравјето на човекот. Го намалува крвниот притисок, го произведува „хормонот на среќата“ ендорфин, служи како мини вежба за стомачни мускули и го намалува нивото на стрес. Накусо смеењето го прави светот подобро место за живеење.