Магазин
СВЕТСКО ЧУДО: Спектакуларен замок кој се „претвора“ во остров (ВИДЕО)
Еден од најспектакуларните замоци во светот се наоѓа во француска Нормандија, а изгледа како да излегол од филм.
Познатиот замок Сент Мишел е опкружен со песок, а благодарение на плимата и осеката, понекогаш се „претвора“ во островче.
Сепак Французите, за да го претворат целосно во остров, потрошиле десет години и 200 милиони евра.
Голем број згради внатре во комплексот потекнуваат од 13. век и се извонреден пример за готичката архитектура.
Средновековниот замок е изграден од гранит и добро го издржува тестот на времето. Привлекува голем број туристи од сите краишта на светот.