Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Тајна, која се крие под хотелот на славните (ВИДЕО)

Занимливости

Тајна, која се крие под хотелот на славните (ВИДЕО)

Култниот њујоршки хотел „Волдорф Асторија“ наскоро ќе ги затвори вратите, а кога повторно ќе ги отвори, за три години, само еден мал дел од зградата, во која денес е сместен, ќе служи како хотел, додека останатиот дел ќе се изнајмува.

Хотелот со богата историја од своето отворање угостил голем број славни и познати личности, кои тука не само што престојувале работно, туку и живееле.

„Волдорф Астроија“ има голема важност, поради што има и сопствена железничка линија, позната како Трак 61, со која ВИП гостите, меѓу кои и американските претседатели, пристигнувале до хотелот.

Овој хотел е изграден кон крајот на 19 век, но зградата, во која се наоѓал е урната во 1929 година, поради просторот потребен за изградба на Емпајр стејт билдинг. Сепак две години подоцна е изградена многу поубава Асторија, која и денес изледа моќно и гламурозно.

Од своето отворање па се до раните ’60-ти години од минатиот век со висина од 190 метри, Асторија се гордееше со титулата највисок хотел на светот, која тогаш му ја предадена на еден хотел во Москва.

Гласот за луксузниот хотел набргу се прошири, па во него почнаа да живеат, а не само престојуваат многу славни личности. Едвард Седми, кој абдицира од престолот, тука живееше дваесетина години. Во ’60-те години со сопругата се доселил и Френк Синатра, а легендарната Мерлин Монро тука живееше кон средината на педесетите години и плаќаше неделно изнајмување од илјада долари. Можеби сега тоа не изгледа многу, но во тоа време, тоа била енормна сума.

Исто така хотелот бил омилено место на сите американски претсдатели, почнувајќи од Херберт Хувер, за време на чиј мандат Асторија е отворена (новата Асторија). Сепак таа традиција ја прекина Барак Обама, бидејќи неговото обезбедување заклучи дека мора да отседне во побезбеден хотел, што и да значело тоа.

Токму и со американските претседатели најчесто е поврзана и споменатата линија Трак 61. Таа сообраќала од Големата централна станица се до подножјето на хотелот, така што доколку станувало збор за важен гостин, тој патувал до хотелот по подземен пат и потоа со таен лифт до својата соба.

Овој начин на патување особено го практикувал Френклин Рузвелт. Тој патувал на овој начин, бидејќи верувале или не одредено време успешно го криел фактот дека се наоѓа во инвалидска количка. По него линијата ја користеле уште неколку претседатели, а веќе неколку децении е напуштена.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.