Занимливости
Течно чоколадо преплави улица во Германија
Неколку тони течно чоколадо синоќа се излеа во германскиот град Верла, во западниот дел на државата.
Неколку тони течно чоколадо синоќа се излеа во германскиот град Верла, во западниот дел на државата.
Како што пренесува британски „Гардијан“, инцидентот се случил откако се преполнил резервоарот на локална фабрика за производство на течна чоколада.
Чоколадната маса се разлеала на површина од околу 10 квадратни метри, а била блокирана и една улица. Интервенирале пожарникарите кои за кратко време, со лопати, го отстраните чоколадото од коловозот.