Занимливости
Тепачки за попустот на „Нутела“ во Франција
Ниската цена на „Нутела“ во Франција предизвика „хистерија“ кај купувачите. На социјални мрежи се појави серија видеа од „хаосот“ којшто настана по повод намалението на популарниот чоколаден крем.
Од вчера во Франција, кремот се продава за 70 отсто пониска цена. И, сето тоа доведе до турканици и најголем можен број луѓе на метар квадратен, кои само сакаат да дојдат до својата тегличка…
– Луѓето се туркаа, кршеа работи, „се тепаа“… Сето тоа изгледаше како оргија, рече за АФП вработен во маркет во францускиот град Форбах.
Цената беше намалена од 4,5 евра за тегла од 900 грама на 1.4 евра.
https://www.youtube.com/watch?v=mnbRqZEiMUY