Занимливости
„Тесла“ му исполни желба на човек на смртна постела
Компанијата „Тесла“ му ја исполни последната желба на член на нивниот форум, кој боледува од рак и посакал да поужива малку во неговиот веќе нарачан нов „Модел 3“.
– Имам уште три-четири месеци живот. Последното нешто на мојата листа желби е „Моделот 3“. Би сакал неколку дена да го искусам тоа и да уживам. Прашувам, дали постои таква можност?, напиша купувачот под форумски псевдоним „Гренитедс”.
Друга членка на форумот, Бони Норман му предложила да позајми такво возило од некој што веќе го има, но и ја проследила неговата желба до компанијата.
Веќе следниот ден, „Гренитедс” е повикан во компанијата да избере свој „Модел 3“, а минатата недела тој и го добил своето ново возило.
Човекот дозволил да го фотографираат, но претпочита да остане анонимен.