Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Точкестото езеро во Канада едно од најнеобичните езера во светот

Занимливости

Точкестото езеро во Канада едно од најнеобичните езера во светот

Одамна е познато дека во светот има секакви природни феномени, но дека може да се налета на езеро полно со точки, тоа, барем на огромен број луѓе, никогаш не би им паднало на памет!

Во близина на градот Осојос, во канадската покраина Британска Колумбија, сместено е Точкестото езеро, во кое се слеваат туристи од цел свет.

Својот, во најмала рака, необичен изглед ова езеро му го должи на високата концентрација на разновидни минерали, како што се магнезиум-сулфат, калциум, натриум-сулфат, сребро и титан.

Поголемиот дел од водата во лето испарува од езерото, па тогаш тоа добива точкест изглед што им го должи на куповите минерални соли, а од составот на минералите зависи и бојата на езерото, кое, на тој начин, може да биде жолто, зелено или бело.

Пред сто години во него се црпеле минерали за изработка на муниција, а тогаш од езерото било можно да се извлече и по еден тон сол дневно!

Староседелците (односно, Индијанците) езерото го сметале за свето место, а очигледно има нешто и во тоа верување, со оглед на фактот дека водата од езерото има голем лековит потенцијал, што Индијанците максимално го користеле. Според легендата, кога две завојувани индијански племиња би договориле примирје, своите ранети ги ставале во Точкестото езеро, верујувајќи дека тоа ќе ги излечи.

Точкестото езеро неодамна речиси и да заврши како спа-центар, но наследниците на староседелците успеале да ги наговорат сопствениците тоа да не го прават, туку езерото да им го продадат токму ним. На тој начин тие го зачувале од комерцијализација.

Денеска пристапот до езерото е оневозможен, така што не се дозволува потполно приближување до него. Сепак, ако патот некогаш Ве нананесе во Канада, немојте да очајувате, бидејќи погледот врз езерото од патот и натаму е фантастичен.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.