Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ТОМАС БАХ: „Во последен момент се договоривме претставниците од Кореја да се држат за раце“

Занимливости

ТОМАС БАХ: „Во последен момент се договоривме претставниците од Кореја да се држат за раце“

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет ( ИОК ), Томас Бах, го посети студиото на Дискавери и Еуроспорт во Пјонгчанг и притоа ексклузивно откри детали дека договорот со претставниците на Северна и Јужна Кореја со заедничко излегување на спортистите под исто знаме е постигнат само 4 часа пред почетокот на самата свечена церемонија на отворањето на Зимските олимписки игри.

Претседателот Бах изјавил:

,,Тоа беше огромен момент и сега кога повторно го гледам ме преплавуваат емоции и се ежам. Ова е пример за Олимписка порака на место. Гледајќи ги спортистите од редот на Кореја, како се држат за раце и уживаат во моментите кои ја испишуваат историјата – тоа е непроценливо. Истите ни праќаат силна порака за пријателството и мирот од корејскиот полуостров кој е веќе постоечко место каде владее политичка нетрпеливост. “

,, Ова е нашата мисија. Работевме на учеството на спортистите од Северна Кореја уште од 2014 година, па се до последниот момент. Ќе Ви откријам уште една тајна, финалната одлука за заедничкиот настап на свечениот марш е донесена само 4 часа пред почетокот на церемонијата за големото отворање. Ова го правам само за да можам да Ви го доловам моментот за се што се одвиваше позади будниот поглед на јавноста. “

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.