Занимливости
Традиција за Бадник: Ова треба да го имате на бадниковата вечера
Бадниковата вечер е еден од најрадосните празници во христијанството, кога се исчекува раѓањето на Исус Христос.
Традицијата вели дека ова треба да го има на бадниковата вечера.
1. На Бадник, појадокот, ручекот и вечерата се строго посни.
2. Се меси погача без квасец.
3. На масата задолжително има вино, мед и жито.
4. За вечера се подготвува посен грав, пржена риба, посни сарми, а од салатите, тука е киселата зелка и туршија.
5. Исто така, за десерт може да се послужи свежо или суво овошје: крушки, јаболка, портокали, суви сливи, урми, смокви, суво грозје, како и јаткасти плодови.
6. Според старите традиции, задолжително се вечера на под, на послана слама, а не на маса, како што сите практикуваме.
7. Домаќинот ја крши погачата, нудејќи им на сите по едно парче и наздравувајќи со црно вино.
8. На крајот, бадниковата вечера не се раскрева. Масата не се чисти, туку се остава наместена како што е до следниот ден, односно до Божиќ.