Занимливости
Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви
Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската палата во Лондон под сомнение дека носел пиштол за електрошокови бил всушност холандски турист со приврзок за клучеви. Осомничениот е ослободен од притвор.
Направата со батерии не претставува никаква закана за резиденцијата на британската кралица Елизабета Втора, соопшти лондонската полиција.
Бакингемската палата секоја десетта недела е отворена за посетители. Кралицата се наоѓала во Шкотска за време на инцидентот.