Занимливости
Три милиони луѓе ќе присуствуваат на дочекот на Нова година на Копакобана
Градските власти на Рио де жанеиро соопштија дека за дочекот на Нова година очекуваат рекордни три милиони луѓе на познатата плажа Копакобана.
Претходните години на спектаклот присуствуваа до два милиони луѓе и тоа облечени во бело, како што и налага традицијата.
– Сакаме да се претставиме во најдобро можно светло…Мислиме дека ќе присуствуваат околу три милиони луѓе, изјави претставникот на градските власти Марело Алвес.
На плажата Копакабана ќе бидат распоредени повеќе од 1.000 полицајци.
На плажата, огнометот ќе трае 17 минути, за кој се предвидени околу 25 тони пиротехнички средства. Во самиот град ќе бидат поставени девет бини, на кои ќе настапат голем број пејачи и танчери.Приходите се очекуваат на околу 500 милиони евра.