Занимливости
Три најчести причини за кавга во среќните врски
Во секоја караница, најважно е да запомните дека комуникацијата со партнерот мора да продолжи, макар тоа било и со викање.
Кавгата е вид комуникација и на тој начин се решаваат проблемите.
Сите тоа го прават
Сите двојки се караат и тоа е сосем нормално. Кога се чувствувате фрустрирано или сте изнервирани, кажете го тоа отворено, изразете ја својата загриженост, смета брачниот советник Ракел Сусман.
Имате различни финансиски приоритети
Вие сакате нов кревет, тој сака да инвестира во нешто. Различните желби кај двојките се исто така сосем нормални, а најважно е секој да ги изрази своите желби – за нештата да не станат „поголеми“ и посериозни, секако.
„Ситници“
Ова се однесува на секојдневието, како перењето алишта или миење садови. Секој има свои навики и начини како го прави сето тоа. Попуштете, опуштете се, почитувајте ги навиките на другиот, но и побарајте почит за себе.