Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Њујорчанка го тужи својот внук затоа што силно ја прегрнал

Занимливости

Њујорчанка го тужи својот внук затоа што силно ја прегрнал

Њујорчанката Џенифер Конел го тужи својот 12-годшен внук Шон, наведувајќи дека се здобила со трајна повреда на раката поради „неразумното однесување“ на момчето.

Судот многу брзо донесе одлука, дека момчето кое имало само осум години кога ја повредил својата тетка, не е виновен, пренесува српски „Блиц“.

Повредата се случила во 2011 година кога на неговата роденденска забава, Шон, среќен што ја гледа, се стрчал кон својата тетка во прегратки, скршувајќи и го притоа зглобот на раката.

Иако тврди дека и понатаму многу го сака, 54-годишната директорка за човечки ресурси, бара од внукот надомест од 127.000 долари.

– Се сеќавам дека возеше црвен велосипед околу куќата кога дојдов. Кога ме виде почна да вика „тетка Џен те сакам“, а потоа се залета и ми скокна во прегратки, раскажа тетката пред судот.

Иако таа внукот го опиша како „многу мило момче“, смета дека тој треба да одговара за своето однесување и наведе дека повредата многу и го отежнала животот.

– Живеам во град, на третиот кат и многу ми е тешко, рече Конел пред судот, алудирајќи на кесите со намирници кои мора да ги носи.

– На забавата на која неодамна бев, едвај можев да ја држам чинијата, се пожали таа.

Момчето, чија мајка почина минатата година, на судот дојде со таткото.

Поротота по само 25 минути размислување донесе пресуда во полза на момчето.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.