Магазин
Њујорк – најгостољубив град во светот
Жители на Њујорк се познати по тоа што не сакаат туристи, кои лутаат по улиците на нивниот град, се туркаат во кафулињата и продавниците со деликатеси, преспоро се движат низ метро станиците…Меѓутоа Њујорк неодамна е прогласен за најгостољубив град на светот.
Според една анкета, за тоа каде во светот луѓето се чувствувале најдобредојдено, 11 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е Њујорк. На второ место се најде Пекинг, а Торонто и Амстердам го делат третото место.
Тринаесет отсто од испитаниците ги сметаат француските домаќини за најнепријатни, особено кон туристите, кои го користат само англискиот јазик.
Во групата на Париз, кој е прогласен за најнегостољубив град на светот се најдоа и Лондон, Барселона, Рим и Токио.