Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Убави европски градови кои туристите ги заобиколуваат

Магазин

Убави европски градови кои туристите ги заобиколуваат

Голем број луѓе сакат да ги видат Париз, Лондон, Рим и другите европски познати градови, но често се заборава дека постојат градови и места кои воопшто не се обележани на туристичките мапи, а нудат многу повеќе. 

Берген, Норвешка

Каде се наоѓа: На западниот брег, еден час со авион од Осло, но можете до Берген да стигнете од главниот норвешки град и со воз.

Берген е основан во далечната 1070 година и со време израсна во важна норвешка порта. Но денес тој не е само порта, туку и град на културата и забавата, каде што во текот на целата година се одржуваат фестивали и разни случувања. Многумина се обидуваат, доколку е возможно да ја слушаат познатата берганска филхамонија, основана во далечната 1765 година.

Градот е познат и по славните, различно обоени дрвени куќи, кои се стари неколку стотици години. Тие ја опркужуваат портата и се еден од најпрепознатливите мотиви на Берган.

Лакост Франција

Каде се наоѓа: Во јужниот дел на земјата, во познатата Прованса, околу 40 километри од Марсеј.

Посетителите кои доаѓаат во Лакост, обично избираат посета на замокот на Маркиз де Сад, изграден во 17. век. Исто така во близина се наоѓаат голем број лозја, кои можат да се посетат и да се вкусат убавите француски вина. За вечерно уживање добри се опциите Кафе де Сад и Кафе де Франс.

Сори, Англија

Каде се наоѓа: Во северноисточна Англија, помалку од два часа возење од аеродормот во Манчестер.

Селото потекнува од 14-от век, а сите кои биле тука го фалат како убаво место за одмор и релаксирање. Тука исто така се наоѓа и куќата на англиската писателка за деца Беатрис Потер, која сега е претворена во музеј, па се препорачува негова посета и враќање во денови на детството.

Ротенбург, Германија

Каде се наоѓа: Во Баварија, на еден час возење од Нирнберг, па ако ви здосади може брзо да избегате таму или да го фатите патот до Минхен.

Тој е најдобар зачуван германски средновековен град кој изгледа како од бајките. Кули, камени улици, стари куќи, сетоа ова може да се пронајде во Ротербург. Веднаш по пристигнувањето одвоете триесет митути за старите градски ѕидини, пред кои често се случуваат разни концерти и забавни програми.

Бриж, Белгија

Каде се наоѓа: Од главниот град Брисел, со воз се стигнува за еден и пол час. Бриж најверојатно е најпознат од сите овие градови, но секогаш е во сенка на многу славните и познати градови на стариот континент.

Во градот најдобро е да се движите со велосипед, поради многу малите улици. Историскиот центар на градот се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Во него сите со смисла за естетика ќе уживаат во средновековната и готска архитектура.

Во градот се наоѓа и езерото Миневатер, кој е познато како езеро на вљубените. Двојките тука доаѓаат да уживаат во мир, возат кану по езерото, ги хранат лебедите или едноставно седат на клупите и уживаат во вкусните вафли.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.