Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФИЗИЧКИ АКТИВНОСТИ ЗА ВРЕМЕ НА КОВИД-19: Кога трчате, треба да одржувате поголемо растојание

Убавина и здравје

ФИЗИЧКИ АКТИВНОСТИ ЗА ВРЕМЕ НА КОВИД-19: Кога трчате, треба да одржувате поголемо растојание

Растојанието од две метри како превенција од КОВИД-19 можеби не е доволно за оние кои трчаат или возат велосипед.

Компанијата Ансис објави компјутерска симулација која покажува како капките од белите дробови се пренесуваат поинаку (побрзо и на поголем простор) кога се во прашање физички активности.

Компанијата вели дека растојанието од две метри е доволно кога станува збор за разговор меѓу две личности, но ризикот од трансмисија се зголемува додека трчате, кога минималната дистанца од другата личност треба да биде минимум три метри. За велосипедистите, велат од компанијата, сигурна дистанца е 10 метри.

Симулацијата исто така покажува дека додека трчате, посигурно е да сте еден до друг, односно да трчате паралелно, отколку еден зад друг.

Софтверот на Ансис најчесто се користи од компании како НАСА и Ферари, но и од елитни спортисти кои имаат за цел да ги подобрат перформансите и безбедноста.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Убавина и здравје

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.