ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЛЕТО: 3 правила за рамен стомак
Познато е дека салото кое се наталожува околу стомакот најтешко се симнува. Но доколку ги следите овие 3 правила, вашиот стомак нема веќе да ви претставува непријатност туку задоволство да го покажете.
Прво правило
Можеби ова нема да ви звучи лесно, но прво што треба да направите во процесот на елиминирање на маснотиите наталожени на стомакот се стомачните вежби. Според едно истражување, за да симнете половина килограм и тоа токму од стомакот треба да направите вкупно 250.000 стомачни вежби. Тоа значи дека секој ден треба да правите по 100 стомачни вежби цели седум години!
А тоа тешко кому успева. Затоа сконцентрирајте се само на една вежба. А тоа е следнава – легнете на грб и исправете ги рацете малку над папокот. Издишете и оставете стомакот да се рашири колку што може. Потоа насочете се на потискување на вашиот стомак кон кичмата, на тој начин што ќе го привлекувате стомакот кон подот. Задржете така 5 секунди. Истото повторете го 8 до 10 пати.
Со ваквата вежба доколку ја практикувате секојдневно резултатите на затегнат стомак ќе бидат видливи уште по првата недела.
Второ правило
Јадете храна за рамен стомак. Стомачните мускули не можете да ги видите бидејќи тие се сместени под салото. За да ги разоткриете, треба да се храните со намирници кои помагаат во топењето на мастите.
Значи, зголемето го внесот на протеини, јагленохидратите заменете ги колку можете со пилешко месо и риба, внесувајте умерена доза на немасни млечни производи, малку оревчиња и бадеми секојдневно и половина авокадо. Ваквите производи се одлични елиминатори на салото.
Се разбира, изфрлете го дополнителниот шеќер.
Трето правило
Сите знаеме дека животот не е лесен. Веројатно ве мачат приходите, можеби и семејните односи, вашата бесконечна листа на обврски… Но знаете ли дека научниците докажале дека вашиот струк е четири пати повеќе подложен на наталожување на масти доколку сте под стрес?
Обидете се да се релаксирате со кратки одмори после секои 90 минути работа. Во тој кус одмор од пет до десет минути сконцентрирајте се на правилното дишење и опуштање на телото.