Занимливости
Ултравиолетова – боја за 2018 година
Американскиот институт кој се занимава со проучување бои Пантон (Pantone) ја прогласи интензивната нијанса на виолетова за боја која ќе не следи во 2018 година.
„Ултра Виолетова“ или „Pantone 18-3838“ е нијанса која оди кон постудениот спектар од виолетовата боја. Тоа е раскошна и провокативна боја, која асоцира на аристократија, богатство, но и на непрегледната вселена и спиритуалност.
Секоја година во декември, врз основа на проучувањата на дотогашните трендови, Институтот Пантон ја објавува бојата за следната година. Група експерти истражувала различни сфери на животот, од поп култура, мода, дизајн на производи, техника…и ја воочи појавата на нов тренд. Ултравиолетивата почнаа да ја користат бројни иновативни технолошки компании, се појави на саемот на автомобили во женева, па дури и на филтрираните фотографии на Инстаграм.
Претходно, во текот на 2017 година, Пантон креираше нова нијанса на виолетова боја, во чест на поп иконата Принс, која е многу слична на нијансата која е прогласена за боја на 2018 година.