Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Умереното консумирање кафе позитивно влијае на нашето здравје

Магазин

Умереното консумирање кафе позитивно влијае на нашето здравје

Универзитетот Саутемптон објави анализа за влијанието на кафето врз нашето тело, заснована на повеќе 200 трудови.

Имено, истражувачите дојдоа до заклучок дека умереното пиење кафе не претставува опасност по здравјето, а три до четири филџани дневно дури може да имаат и позитивен ефект.

Во анализата се наведува дека ризикот од заболувања на црниот дроб и рак, како и низок ризик од срцев удар кој би резултирал со смрт, доаѓа од – прекумерна, или пак, потпросечна консумација. Во споредба со лицата кои не консумираат кафе, оние кои дневно пијат три, четири филџани, имаат намален ризик од срцеви проблеми, и од смрт предизвикан од истите.

Прекумерна консумација на кафе во бременоста исто така може да биде штетно. Експертите тука секако препорачуваат кафето да се избегнува.

Меѓутоа, професорот Пол Родерик, коавтор на студијата, истакнува дека врз основа на резултатите не можат да тврдат дека кафето прави разлика.

– Ефект би можело да имаат и други фактори, како на пример годините, без оглед дали се говори за пушач или непушач и колку се физички активни, посочи Родерик.

Препорачливата дневна доза кофеин е 400 милиграми, додека онаа за бремените жени е двојно помала – 200 милиграми.

Истражувачите исто така препорачуваат да се придржуваме до „здравото“ кафе, т.е. да се избегнуваат шеќер, млеко, колачиња.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.