Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ѓурѓовден – најголемиот пролетен празник

Занимливости

Ѓурѓовден – најголемиот пролетен празник

На Ѓурѓовден треба да побрзате и рано наутро да излезете на поле каде што расте момината солза. Наберете ја и сплетете венчиња за да ја украсете влезната врата од куќата. Според ова домот и годината ќе ви бидат бериќетни. Овие венчиња треба да останат на вратата цела година, сè до следниот Ѓурѓовден.

Цветот на момината солза е леплив, па се верува дека ако фрлите момина солза на вашата симпатија и ако се залепи на него/неа, тогаш и симпатијата „ќе се залепи“ за вас. Исто така и габерот има слична „моќ“.

Ако забележите дека веќе немате порти, немојте да се грижите, бидејќи тоа е уште еден обичај за Ѓурѓовден кој сè уште се практикува во некои рурални средини на Балканот. На полноќ младите одат до куќата на девојката која ја сакаат, ги вадат портите и ги носат негде далеку. На овој начин им задаваат маки на родителите кои потоа мора да ги бараат низ селото. Со вадењето на портите се верува дека девојката ќе се омажи истата година.

На Ѓурѓовден треба да се разбудите порано и не треба да спиете преку ден. Ако спиете, ризикувате да ве боли глава низ цела година. Исто така, порано луѓето се капеле во околните реки пред изгрејсонце. На овој начин тие верувале дека ќе останат здрави и јаки низ целата година.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.