Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Уругвај продава нацистички орел, вреден 50 милиони долари

Занимливости

Уругвај продава нацистички орел, вреден 50 милиони долари

Бронзeна статуа на нацистички орел со висина од 2,74 сантиметри, ќе биде понудена на аукција во Уругвај, а се очекува да постигне цена од 50 милиони долари.

Статуата, која бизнисменот Алфредо Етчегареј ја извлече од морето, се наоѓа во складиште на уругвајската морнарица уште од 2006 година.

Врховниот суд донесе одлука дека орелот, тежок околу 300 килограми, и припаѓа на државата, но дека половина од профитот остварен на аукција му припаѓа на Етчегареј. Сепак, досега аукција не е одржана.

Сега се очекува дека аукција набрзо ќе биде организирана и тоа на предлог на уругвајската опозиција, која верува дека со тоа ќе се придонесе за финансиските потреби на државата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.