Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вечерва феномен на небото: Ќе се појави „Сина Месечина“

Ви препорачуваме

Вечерва феномен на небото: Ќе се појави „Сина Месечина“

Феноменот „Сина Месечина“, која не очекува денеска, е природна појава што се случува кога во еден месец полната Месечина се јавува два пати.

Појавата не е многу честа, што и ја прави поинтересна. Последен пат феноменот е забележан во август 2012 година, а следниот пат ќе се случи во јануари 2018 година.

Иако се работи за нормална природна појава, многумина на овој феномен му препишуваат посебна моќ, а различни народни верувања сугерираат дека за време на „Сината Месечина“ се е можно.

Самиот назив „Сина Месечина“ потекнува од 1883 година, кога исто така во еден календарски месец имало две полни Месечини. Таа година еруптирал индонезискиот вулкан Кракатоу, а поради честичките на вулканскиот прав во атмосферата, Месечината „посинела“.

По ова Месечината повторно станала „сина“ во септември 1950 година, кога астрономот Роберт Вилсон тврдел дека до тоа доаѓа поради прекршување на светлината во облакот од чад предизвикан од голем шумски пожар во Канада.

Природните појави секогаш со себе носат и разни мистични толкувања. Така и во овој случај Фенг Шуи филозофијата советува дека за време на „Сината Месечина“ не треба да се караме и да се лутеме и треба да се обидеме да бидеме мирни и сталожени.

Исто така, би било добро нашите мисли да бидат позитивни и да ги визуелизираме своите желби, идеи и цели.

За време на „Сината Месечина“ наводно се е „засилено“, па затоа е добро да се медитира и де се наполниме со добра енергија и да им ја препраќаме на други.

На кусо, бидете опуштени и испраќајте позитивни вибрации, тоа во секој случај не може да штети.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.