Занимливости
Велшанец од невнимание загуби 85 милиони евра
Велшанецот Џејмс Хауелс пред четири години по грешка фрлил стар хард диск, што сега го чини загуба на 85 милиони евра.
Имено, во 2009 година Хаулес почнал да „печали“ биткоини, при што за кусо време веќе поседубал 7.500 од овие криптовалути, кои ги зачувал во посебен фајл.
Неколку години подоцна тој го расклопил својот лап топ и го продал на делови, задржувајќи го само хард дискот, кој го оставил на „сигурно место“.
Сепак, при едно „големо расчистување“ на домот на Хауелс во 2013 година, хард дискот завршил во контерјнерот за отпад, со што во неповрат отишле и неговите заштедени биткоини.
Доколку сега имаше можност да ги продаде тие 7.500 биткоини, Хаулес ќе заработеше околу 85 милиони евра.
– Несреќи се случуваат. Едноставно продолжуваш да живееш со тоа. Од секогаш занев дека биткоинот ќе достигне вака високо вредност, изјави Хаулес за магазинот „Метро“.