ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: Дали знаевте за лековитите својства на семките од лубеница
Лубеницата на многумина од нас ни е омилено овошје. Одвај ја чекаме сезоната на лубеници за да вкусиме сочно, слатко и не многу калорично овошје.
Но, семките од лубеница сите ние ги фрламе. Не знаеме дека се корисни како храна но, и како лек особено за здодевните уринарни инфекции. Може да помогнат повеќе отколку што може да замислите.
Семките од лубеница имаат многу малку калории, а висока нутритивна вредност. Содржат магнезиум, фолна киселина и диетални влакна. Но, она што треба да знаете е дека не смее и нема да имате никаква придобивка ако ги голтате цели. Многу е важно да ги исецкате или сомелете.
Се печат на плех во загреана рерна 160 степени. Се печат околу 15 минути и слободно можете да додадете маслиново масло и сол или цимет и шеќер за подобар вкус.
Семки од лубеница против ешерихија коли: Една мала лажичка од горе наведената смеса. Се пие со вода еднаш дневно.
Чај од семки од лубеница: Потребно е да исецкате свежи или суви семки од лубеница. 4 супени лажици додавате во 2 литри вода и варете 15 минути.
За намалување на температура: Исецкани семки од лубеница се мешаат со провриена па оладена вода во сооднос 1/10. На секој два саати се пие по една лажца од оваа течност.
Против цревни паразити: Се толчат 100гр семки од лубеница се додаваат на 1л вода и се варат 30 минути. Се пијат по три чаши дневно.
Маска за лице: Сушени семки од лубеница се мелат. Се добива прав од семките па се додава малку вода. Треба да се добие смеса како паста за заби. Не многу густа, не многу течна. Се нанесува на чисто и измиено лице и се држи околу 15 минути еднаш неделно за помлада и поеластична кожа.