ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: Девет начини за утринско расонување без кафе
Иако поголем број од нас сметаат дека кафето е најдобар начин за будење наутро, не е баш така. Постојат голем број други намирници и активности што можете да ги практикувате за да се расоните колку што е можно побрзо.
1. Јаболко
Јаболкото е одличен начин за да го наполните телото со енергија од рано наутро. Ова овошје содржи природен шеќер, фруктоза и помага да се стабилизира нивото на шеќер во крвта. И бананите и портокалите го имаат истиот ефект врз организмот. Овошјето наутро комбинирајте го со протеини, на пример јогурт.
2. Утрински тренинг
Станувањето од кревет и заминувањето на трчање можеби е последната работа што сакате да ја направите наутро, но верувајте дека нема подобар начин за расонување.
3. Излезете на сонце и на свеж воздух
Доколку не сте за утринско вежбање, тогаш за вас е прошетка. Свежиот воздух и сонцето го намалува стресот и го поправа расположението.
4. Истуширајте се со студена вода
Да, тешко, но ќе се навикнете со време ако туширањето со студена вода го претворите во навика. Моментната промена на температурата може да ве ослободи од стрес и да ве расони за секунда. Ако ви е лоша, или премногу студена идеја, обидете се за почеток наутро да го миете лицето со студена вода. Ќе го доживеете истиот антистрес-ефект.
5. Испијте чаша студена вода
Ако туширањето и миењето на лицето со студена вода не ви звучат како добра идеја, обидете се за почеток на денот да испиете една чаша студена вода. Исто како и со туширањето, ова го крева адреналинот на телоти и ја носи крвта право во мозокот.
6. Заменете го кафето со чај
Ако уживате во ритуалот пиење на нешто топло секое утро, обидете се кафето да го замените со чај. И тој содржи кофеин, но во многу мали количини, но истовремено го чува имунитетот и го намалува крвниот притисок.
7. Разговарајте со мајка ви или некој друг близок
Наутро може да ве наполни со енергија и разговор со некоја личност што ја сметате за блиска. Можеби мајка ви е најдобар избор. Освен тоа што ќе ве сослуша и истрпи наутро кога сте ненаспани, истражувањата покажуваат дека разговорот со мајките го намалува и стресот.
8. Измасирајте се
Едно истражување покажало дека кратката и блага масажа може да ве наполни со енергија наутро. Доволни се три минути.
9. Направете си утринска листа со омилените песни
Направете со своја утринска плејлиста и слушајте ја додека се спремате за на работа. Ќе направи да се чувствувате разиграно и расположено.Постојат голем број други намирници и активности што можете да ги практикувате за да се расоните колку што е можно побрзо.