ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: Кажете му збогум на стресот со овие пет билки
Стресот и нервозата се проблем за се` поголем број луѓе во денешно време. Динамичниот начин на живот, борбата да се обезбеди егзистенција, трката за успех…сето тоа придонесува духот и телото да го изгубат балансот и често да бидат во стресна состојба.
За да се извлечете од напнатоста, која е многу штетна за здравјето, неопходно е да ги промените животните навики. Да практикувате урамнотежена здрава исхрана, долги прошетки во природа, опуштање со музика која ви годи, доволно одмор и сон, релаксација со пријатели.
Природата пак, во борбата против стресот може да ви помогне преку одредени билки кои имаат смирувачко дејство врз организамот.
Мајчина душичка: Чајот од оваа билка ги опушта мускулите и особено се препорачува на оние кои страдаат од несоница. Делува и врз намалување на крвниот притисок.
Лаванда: Оваа билка се користи за релаксација на нервите уште од дамни времиња. Додадете лаванда за бањање, или подгответе си чај. Ќе почувствувате дека вознемиреноста полека ја снемува.
Камилица – Еден од најпопуларните чаеви што се пие во целиот свет е токму чајот од камилица. Делува за намалување на надразнетост на организмот, чувството на страв и лутина.
Кантарион – Природен антидепресив кој има многу широка примена во народната медицина. Одговорен е за заштита на серотонин и допамин во организмот, кои пак се чувари на доброто расположение.
Валеријана – Коренот од оваа билка успешно лечи од напади на паника, раздразливост, несоници. Треба да се пие 2 до 3 шољи на ден, а со оглед на тоа дека вкусот не е баш најпријатен, може да се комбинира со други билки.