Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: Кога е најдобро да пиете витамини во текот на денот?

Магазин

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: Кога е најдобро да пиете витамини во текот на денот?

Колку и да се трудиме да се храниме здраво, понекогаш не успеваме да ги внесеме сите потребни витамини и минерали. Во некои случаи, потребно е внесување витамини преку суплементи, како на пример витамин C за пушачите.

Времето кога ги пиете витамините во форма на суплементи е важно за нивна правилна и целосна апсорпција во организмот, за да може да го искористите нивното поволно дејство. Некои подобро се апсорбираат на празен стомак, а други со храна или течности.

Со појадок

Повеќето суплементи може да се земат наутро со појадокот. Тука спаѓаат мултивитаминските суплементи, B-комплекс, витамин E и витамин C, како и железо.

Не се препорачува да се зема калциум заедно со мултивитамини, особено ако содржат железо бидејќи може да ја попречи апсорпцијата на железото. Во тој случај, земете го калциумот со другите оброци, за ручек или за вечера.

Витаминот C помага при апсорпцијата на железото, па или земајте ги овие два суплементи заедно, или пијте чаша сок од портокал или лимон наутро со железото.

Со ручек

Сите погоре спомнати суплементи може да ги испиете и со ручекот, ако така повеќе ви одговара.

Дополнително, со ручекот примете коензим Q10, цинк и јод. Многу е важно да ги примате овие суплементи со храна бидејќи може да се јави гадење.

Исто така задолжително со храна земајте витамин D, калиум и рибино масло. Витаминот D е најдобро да го земете рано попладне бидејќи може да ви го попречи циклусот на спиење.

Со вечера

Суплементите со калциум и магнезиум најдобро е да ги примате со вечерата или неколку часа пред спиење бидејќи најдобро се апсорбират во текот на ноќта и ќе ви помогнат за мирен сон.

Пробиотиците земајте ги на празен стомак, 30 до 60 минути пред јадење за да може да се врзат со ензимите за варење на храната.

СОВЕТИ

Задолжително консултирајте се со лекар пред да почнете да земате витамински суплементи, особено ако земате лекови.

Немојте да ги пиете суплементите со топли напитоци како чај или кафе бидејќи може да ја наруши нивната апсорпција, туку пијте ги со вода, овошен сок или ладен чај.

Немојте да пиете дупла доза ако сте ја пропуштиле претходната и не земајте поголема доза од таа што е препишана на пакувањето или од вашиот лекар.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.