Ви препорачуваме
3 летни коктели од лубеница за совршено освежување
Велат ништо подобро од ладно парче лубеница, на пеколно жешки температури.
Сепак за волја на вистината навистина може да биде подобро, доколку се решите да си направите освежителен пијалак од лубеница и притоа додадете малку алкохол. Во продолжение следат три интересни идеи како да го направите тоа.
Лубеница со џин
Состојки: 5 чаши со парчиња лубеница, 170 мл џин, 8 лажички сок од лимета, 1 1/3 чаша газиран сок од ѓумбир, парчиња лимета за украсување
Подготовка: замрзнете една чаша со лубеница која што ќе ја користите за украсување. Во секоја од преостанатите чаши ставете по 42 мл џин, 2 лажички сок од лимета и третина чаша сок од ѓумбир. На крај украсете со замрзната лубеница и парчиња лимета. Ако сакате безалкохолна верзија на коктелот избегнете го џинот.
Пунч
Состојки: 4 чаши исчистена лубеница, ¼ чаша свеж сок од лимета, ливчиња нане, 1/2 чаша шеќер, 1/2 чаша вода, рум
Подготовка: Прво направете сируп од шеќер и вода. Измешајте ½ чаша шеќер и 1/ 2 чаша вода, загревајте на оган се додека шеќерот не се растопи, а потоа оставете го сирупот да се излади. Исчистената лубеница ставете ја во блендер и убаво сомелете ја. Потоа оставете ја во фрижидерот неколку часа за да се излади. Во меѓувреме истолчете го нането со 2 лажици шеќер. Кон оваа смеса додадете го сокот од лимета. Потоа измешајте ја оваа паста од нане со кашестата лубеници и по вкус засладете со сирупот. На самиот крај додадете рум по потреба.
Маргарита од лубеница
Состојки: едно поголемо парче ладна лубеница исечена на парчиња, 1/4 чаша сок од лимета, ¼ чаша текила, 1 /4 чаша трипл сек, 8 големи коцки мраз.
Подготовка: сомелете ја лубеницата во блендер. Потоа во оваа течност додадете ги сите преостанати состојки и продолжете со мелење. Рабовите од чашите украсете ги со кафеав шеќер, па потоа сипете ја ладната маргарита.