Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

5 идеи за летен одмор – егзотични дестинации во близина на Македонија

Ви препорачуваме

5 идеи за летен одмор – егзотични дестинации во близина на Македонија

5 идеи за летен одмор – егзотични дестинации во близина на Македонија

Во секое патување се крие желба за откривање на нови светови и емоции. Сега е совршен момент да го испланирате летниот одмор. Убаво е да почнеш да планираш толку рано, бидејќи се уште можеш да најдеш атрактивни можности за сместување и авионски билети за поволни цени.

Исто така меѓу можностите за поголема популарност се стекнуваат апарт-хотелите. Уште повеќе пак, имаат реномираните онлајн платформи кои гарантираат квалитет на апартманите кои ги нудат.

Денес ти предложуваме 5 одлични дестинации, недалеку од Македонија – средба со најубавите јужни брегови на Европа и нивната величественост.

ИТАЛИЈА – САРДИНИЈА – Тропски остров среде Европа

Ви предложуваме да скокнете до една од најегзотичните дестинации во Европа. Италијанската Сардинија е љубов на прв поглед, особено за љубителите на смарагдни морски води и бели песоци, имагинација за далечните егзотични острови. Вистинскиот бисер со десетици плажи, секој со свој уникатен шарм. Овде одморот ќе ти даде чувство за одмор на далечен рајски остров поради тиркизното море. Ова е втор по големина остров во Средоземното Море по Сицилија.

Тука може да пронајдеш заливи, да пловиш на кајак, качување на карпи или нуркање. Градчињата на островот исто така се волшебно убави.

Коста Смералда е еден од најпрестижните летувалишта на островот, познат по смарагдна боја на морска вода и 55 киломератскиот залив со прекрасни плажи – резервати. Не помалку убави се и плажите во Алегро, Ористано, Каљари, Орластра и Нуоро.

ХРВАТСКА – остров Хвар – Рајски остров

– „Ако го познаваш Хвар, го познаваш и рајот” – гласи локалната изрека. Најпосетуваниот остров помеѓу јужнохрватско далматинските острови.

Тоа е ривиера на далматинското крајбрежје со одлични хотели, исклучителни барови, посета од познати филмски и спортски ѕвезди од светски ранг во текот на летото. Со речиси 3.000 сончеви часови во текот на годината, Хвар е една од повеќето романтични дестинации во Хрватска.

Ако го сакаш ноќниот живот тогаш си на вистинско место. Историскиот дел во венецијански стил исто така заслужува внимание. Хвар е остров на лавандата. Таа тука се одгледува како суровина, која помага во француската парфимирана индустрија.

Не пропуштај да ги пробаш прекрасните локални вина – едни од најубавите во Хрватска кои можеш да ги најдеш само тука.

Во близина има островски синџир со низа од плажи и ресторани со исклучителна морска кујна.

На 3 часа од Хвар се наоѓа и островот на љубовта Галешник. Погледот од високо има совршен нацрт на срце – глетка која не треба да се пропушти.

ШПАНИЈА – Валенсија – Портокалов град

Трет град по големина во Шпанија, кој има прекрасен спој на архитектура, историја и убави медитерански плажи. Нема како да го одминеш симболот на Валенција – архитектурен град на науките и уметностите, дизајниран од Сантијаго Калатрава и Феликс Кандил. Тој е фрустрирачки мини град во град. Се простира помеѓу два булевара и за да го разгледаш однадвор ти требаат само два саати. Ако сакаш да посетиш атракции како океанографски музеј, планетариум, кино IMAX, ќе мора да го испланираш минимум половина ден однапред.

Запознај ја историската Валенсија, помини по мостот на цвеќето и оди до пазарот на свилата. А навечер впушти се во ритамот на градот каде врие ноќен живот и светла. Сангријата и плажите се вистинскиот вкус на Валенсија.

ГРЦИЈА – остров Крф – Цитрусов воздух

Цркви и музеи, палми, маслинови и цитрусни дрвја, егзотични селца и убава архитектура, таверни, тврднини и манастири, плажи, заливи и плоштади – лицето на островот Крф. Островскиот мирис се носи оддалеку – мешавина од мирисите на цитрус и роза.

Тука се наоѓа најголемиот плоштад на Балканот.

Во Крф има и парижански допири, впечатливи од згради и улици. Вкусот на островот изобилува со морска храна, торти со смоква и цитрусни коктели.

Палеокастрица е името истовремено на манастир на најубавото одмаралиште со прекрасен залив и хамелионовосини води кои ги менуваат нјансите од светлината.

ЦРНА ГОРА – БУДВА – Јадрански бисер

Градот потсетува на Валенција, бидејќи бил дел од Римската империја. Будва е историски бисер на Јадранот, со илјадагодишна историја.

Нема како да го одминеш стариот град со прекрасна архитектура, тесните улички и убавата библиотека со панорамска тераса над морето. Галериите, музеите, малите дуканчиња, рестораните и најфреквентните установи создаваат шармантна гужва на античко градче.

Будванската ревиера е долга десетици километри.

la

Листата ни е со летни европски дестинации, освен заслепувачки плажи нуди и буџетски одлуки – од моментот да стигнеш до нив со автомобил или ниско буџетните летови до алтернативно сместување.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.