Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

5 природни маски кои ќе ги „избришат“ брчките од лицето

Ви препорачуваме

5 природни маски кои ќе ги „избришат“ брчките од лицето

Стареењето е природен процес и нешто што не може да се избегне. Неможноста за брчките да се отстранат целосно е непријател број еден на сите жени, па и мажите кои ја негуваат младоста и младоликиот изглед, посебно на кожата на лицето. Ви предлагаме 5 природни маски против брчки кои ние ги издвоивме за вас.

Како што старееме слојот на кожата постепено се истенчува, ја губи својата сила и еластичност, па поради тоа се формираат брчки. Но, не треба да ве загрижува превенцецијата на стареењето може да придонесе ако се применуваат соодветни и природни маски против брчки.

За само една деценија, жените губат 10 %  од еластичноста на кожата. За среќа, природата ни дава многу растенија со чија помош барем малку можеме да го забавиме процесот на стареење и на потполно природен начин, со домашно подготвени маски да ја „испегламе“ кожата на лицето. Во продолжение прочитајте како може да ги направите најефикасните природни маски против брчки.

Природна маска против брчки од куркума и сурутка

Измешајте една лажица од сурутка со малку прав од куркума, нанесете ја маската на лицето. Оставете ја да се исуши 10 минути, а потоа исплакнете со ладна вода. Оваа маска ќе ги избрише флеките и ќе спречи појава на брчки.

Природна маска против брчки од леќа

Направете паста од леќа (се варат 2 лажици леќа и потоа се пасира), а потоа се нанесете ја на лицето и вратот. Оставете да се исуши, па исплакнете со вода. Оваа маска на природен начин ќе ви го затегни лицето.

Природна маска против брчки од павлака и лимон

Третата маска се состои од павлака за готвење и сок од лимон. Состојките се мешаат, се ставаат на лицето, па се остава да се суши околу 10 до 15 минути. Оваа маска треба да се употребува континуирано во период од еден месец за да ги видите првите резултати, а најсоодветна е за сува кожа.

Природна маска против брчки од маслиново масло и лимон

Измешајте еднакви количини на маслиновото масло и сок од лимон. Масирајте го лицето на деловите каде што се изразени брчките, така ефектот ќе биде најдобар.

Природна маска против брчки од јаболка

Сварете едно јаболко, оставете да се излади, а потоа испасирајте го. Додадете една лажица млеко во прав и една лажичка мед. Маската ставете ја на лицето, оставете да делува околу 15 минути, а потоа исплакнете.

Оваа маска се користи на секојдневно, па брчките ќе бидат се помалку забележливи за пократко време.

Ако се уште не сте се соочиле со овај проблем и немате видливи брчки, овие природни маски против брчки може да ги употребувате како превенција од појава на истите, но и за одржување на здравјето на кожата на лицето.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.