Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

8 начини за справување со стресот и гневот

Ви препорачуваме

8 начини за справување со стресот и гневот

8 начини за справување со стресот и гневот

Лутината е сосема нормална човечка реакција. Ескалира кај луѓе кои се под постојан стрес, а е резултат на динамичната средина во која живеат и функционираат.

Интензитетот на лутината е многу широк: од благи судири до нагол гнев. Лутината може да биде брза и долга. А, се појавува во облик на горчина, одмазда или омраза.

Исто така, лутината може да доведе до здравствени проблеми како депресија, висок крвен притисок, зависност од алкохол и друго.

Погледнете ги начините со кои можете да го контролирате гневот:

1. Длабоко вдишите. Бројте до 50 или замислете го својот противник гол, облечен само во чорапи. Тоа ќе ви помогне да се смирите и ќе ви измами насмевка на лицето.

2. Прошетајте. Погледнете високо кон небото. Продолжете да дишите длабоко и лесно. Така ќе ја процените состојбата и ќе се смирите.

3. Направете некои физички вежби. Кога сте лути, вашето тело е многу напнато. Ако се протегнете, вашите мускули ќе го опуштат вашето тело и ќе ја исфрлите цела негативна енергија преку вежбањето. Вашиот мозок ќе добие повеќе кислород, а тоа ќе ви помогне да ги исчистите своите мисли.

4. Запишете ги своите мисли. Запишете дека сте лути, но и зошто. Избегнувајте да бидете рационални и логични. Напишете на хартија сè што чувствувате во тој момент. Обидете се да ги напишете сите детали. Функцијата на оваа техника е да се исфрли целиот гнев од главата на хартија.

5. Бидете благодарни. Најдете нешто или некој за што ќе бидете благодарни. Не заборавајте на себе. Бидете благодарни што сте се разбудиле денес, на Сонцето што свети за вас, што е небото сино и што тревата е зелена.

6. Медитирајте. Затворете ги очите, опуштете се, длабоко дишете и лутината брзо ќе ви помине.

7. Погледнете ги работите од друг агол. Погледот на состојбата од гледна точка на тој што ве налутил. Обидете се да простите на себе и на другите.

8. Вашите вредности. Размислете за тоа што е најзначајна работа во вашиот живот? Кои се најважните луѓе во вашиот живот: Каков човек сакате да бидете? Размислете и прифатете ја таа точка дека го живеете својот живот и ги живеете своите вредности. Постои добар човек во вас и сака да ви помогне.

Прочитај повеќе

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.