Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

BOCCA DI LUPO нова софистицирана приказна со вкусна храна, пријатна музика и уникатен изглед

Ви препорачуваме

BOCCA DI LUPO нова софистицирана приказна со вкусна храна, пријатна музика и уникатен изглед

На површина од 7.000 метри квадратни, ресторан, хотел со 35 соби и базен со pool bar, е старо-новиот Hotel Mirror и софистицираниот fine, wine and dine Bocca Di Lupo каде љубителите на убава храна, одлична атмосфера и место за релаксација ќе можат да уживаат.

– Самото име BOCCA DI LUPO, значи “среќно-со среќа”, нашиот light мотив има за цел таа позитивна вибрација која го носи самото име да се пренесе и на нашите ценети гости, рече на синоќешното официјално отворање на ресторанот Дејан Петрушевски, кој е менаџер и на хотелот ” Мирор” во рамки на целиот комплекс.

Ресторанот нуди уникатно и незаборавно доживување, секое катче има уникатен дизајн, секој елемент од ресторанот е внимателно избран од највисоките светски брендови, почнувајќи од приборот за јадење, кристални чаши, чиниите и се останато.

Исто така во рамки ма комплексот има ексклузивно детско катче и играчки за најмладите гости, перална и рент а кар, се со цел ги задоволи сите потреби за целосно задоволство, спокој и уживање на една фамилија, патник, гостин.

– Нашиот шеф на кујна, Љупчо Корковски е врвен кулинар-експерт, кој своето долгогодишно искуство го стекнал во повеќе ексклузивни ресторани во главниот град на Обединетите арапски емирати, а храната е врвен спој на внимателно избрани специјалитети, микс од повеќе кујни: италијанска, медитеранска и ориентална кујна, а се со цел да ги задоволиме вкусовите на сите наши ценети гости, дури и на најпребирливите, вели Петрушевски.

Внатрешниот дизајн на ресторанот е осмислен и создаден од архитектката Катерина Кајевска Теодорова, додека надворешниот дизајн на комплексот е на архитектот Крсте Петров.

Главната идеја дошла од самото име Mirror, бидејки ресторанот е во склоп на хотелот.

– Користевме огледало и стакло како и сјајни текстури и истите ги комбиниравме со текстури на дрво, со цел да го оплемениме просторот. Со формите игравме многу, всушност тие беа лајт мотив на оваа приказна. Просторот е изваден од временски и стилски контекст, што го прави необичен и многу слободен и неограничен. Ова е место во кое буквално секое ќоше може да го предизвика вашиот фотоапарат, вели Теодорова.

Капацитетот внатре е предвиден за 130 гости, а на летната тераса 170 гости, додека целиот ресторанот се наоѓа на површина од 1.000 метри квадратни.

– Bocca Di Lupo ќе нуди разновидна музичка програма со ексклузивни пејачи и групи и останати спектакуларни настани. За прекрасното и незаборавно новогодишно доживување, ќе се погрижи нашата драга Викторија Лоба со нејзиниот бенд и диџеј @foodieman, а за вкусните гастрономски специјалитети е задолжен нашиот шеф Љупчо Коркоски. Новогодишното мени е врвен микс од најпрефинетите светски деликатесни јадења, специјално избрани за нашите ценети гости, додава Петрушевски.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.