Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ДАЛИ СТЕ ДОВОЛНО ХИДРИРАНИ: Не заборавајте да пиете вода во топлите летни денови

Ви препорачуваме

ДАЛИ СТЕ ДОВОЛНО ХИДРИРАНИ: Не заборавајте да пиете вода во топлите летни денови

Топлотниот бран и оваа недела ќе ги качи температурите над 40-тиот степен, па затоа ние сме тука да ве потсетиме колку е важно да се пие вода во овие топли денови. 

Доколку, пак, не пиете доволно вода, ова се дел од работите што може да ви се случат.

Се влошува кожата

Водата ја хидрира кожата, па веројатно можете да замислите што ќе се случи ако дехидрирате. Кога не пиете доволно вода, колагенот почнува да се крши и да се врзува, со тоа предизвикувајќи малите и големите брчки да бидат позабележливи. И од внатре почнува да реагира. Кога заборавате на вода, очекувајте устата, кожата и се останато да ви биде посуво од обично.

Се зголемува тежината

Недоволниот внес на вода предизвикува задржување на водата во организмот и привремено зголемување на тежината. Ако не пиете доволно, телото ја задржува секоја капка за да спречи дехидрација.

Ви снемува енергија

Гроги сте затоа што водата од кафето, ма колку и да ви е само на вода и колку и да е голема чашата – не е доволна. Пијте вода затоа што недостатокот сериозно ја намалува енергијата.

Се губи фокус

Излегува дека основниот елемент за живот е од клучна важност и за наоѓање решенија. По милионити пат информацијава, но сепак – мозокот е 80% вода и неговите способности и функции сериозно зависат од неа. И најмала дехидрација може да му ја наруши нормалната работа и да направи предизвик од едноставни идеи и решенија. А според едно британско истражување, пиење вода ја подобрува менталната флексибилност за 14 проценти.

Нервоза

Во две истражувања од Универзитетот во Конетикат во кои мажи и жени правеле серија когнитивни тестови – откриено е дека дури и блага дехидрација влијае на нивното расположение и предизвикува умор и главоболки.

Глад

Многу често мешаме глад со дехидрација. Пробајте да се напиете вода 20 минути пред да јадете нешто. И исто така по милионити пат: подобро вода отколку сокови, енергетски пијалоци и слично.

Метаболизмот страда

Ако планиравте да слабеете, нели, лето and all, научно е докажано дека ако се напиете две големи чаши вода, метаболизмот се подобрува за 30 проценти. Истражувачите (според Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism) проценуваат дека со зголемување на внесот на вода за 1.5 литри дневно (околу 6 шолји), ќе согорите 17.400 калории повеќе во текот на една година – што би значело слабеење во просек 2 кила – само од пиење вода.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.