Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Домашни лекови како прва помош при изгореници од сонце

Ви препорачуваме

Домашни лекови како прва помош при изгореници од сонце

Домашни лекови како прва помош при изгореници од сонце

Во топлите летните денови, често пати стручните лица апелираат за штетноста на сонцето, последиците врз здравјето и мерките кои треба да се преземат за заштита. Но, за време на летните одмори, понекогаш се случува да заборавиме да го понесеме кремот за сончање, или да заборавиме да го нанесеме по излегување од вода, а можеби некои од нас сметаат дека сонцето не е доволно силно и не може да ни наштети.

Како последица на тоа, сигурно и вие најмалку еднаш во животот сте се соочиле со изгореници од сонцето, кои настануваат како резултат на предолго изложување на сончевите зраци, без или со несоодветна заштита. Првите симптоми се појава на црвенило на кожата, топлина, непријатна болка при допир и чувство на пецкање. Доколку ги забележите овие симптоми, не се изложувајте на сонце и започнете со нега на зацрвенетата кожа.

За вас припремивме листа на домашни лекови кои можат да ви помогнат да ги ублажите изгорениците од сонце:

Направете раствор од млеко и вода

Измешајте 1 чаша млеко со 4 чаши вода, а потоа додајте неколку коцки мраз. Натопете парче газа во течноста, а потоа нанесете ја врз кожата. Оставете да стои 15 до 20 минути. Постапката повторете ја на секои 2 до 4 часа. Оваа облога ќе ви помогне да се намали непријатната топлина, а протеините кои ги содржи млекото имаат заштитни својства врз кожата,  помагаат за нејзино заздравување и смирување на црвенилото.

Пастата од пченкарен скорб или сода бикарбона ќе ја намали болката

Пченкарниот скроб, како и млекото е една од оние работи кои сигурно ги има во секој дом. Доколку немате пченкарен скроб, како замена може да користите сода бикарбона. Земете неколку лажички пченкарен скорб и додајте вода за да направите паста. Пастата нанесете ја врз зацрвенетата кожа и оставате ја да стои додека не се намали болката или топлината.

Киселото млеко е најдобриот природен лек за изгореници од сонце 

Киселото млеко е популарен народен лек за смирување на изгорениците од сонцето. Намачкајте ја кожата и оставете неколку часови. Доколку немате кисело млеко, нанесете јогурт. Веднаш ќе забележите дека црвенилото и болката се намалуваат. Потоа истуширајте се со млака вода.

Зелениот чај и нането ќе ви помогнат за заздравување на оштетената кожа

Нането има својство да лади и смирува, па затоа се препорачува при изгореници од сонцето. Зелениот чај содржи танинова киселина и теобромин, кои што помагаат да се намали болката и заздрави оштетената кожа, кога се нанесуваат локално. Доколку на располагање имате зелен чај и нане, следете ги следните инструкции. Во сад на оган ставете еден литар вода да зоврие. Потоа тргнете го садот и додадете 3 чаши свежи листови од нане и 5 ќесички зелен чај. Оставете го чајот еден час да се излади. Потоа процедете го и оставете го ладилник дополнително да се излади. Во ладниот чај ставете мека крпа, а потоа нанесете ја врз кожата. Исто така ќесичките чај може да ги поставите врз зацрвенетите места.

Совет: Ако ви се појават меури на кожата, имате покачена телесна температура, главоболка или вртоглавица, консултирајте се со лекар.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.