Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ДОНИРАТЕ СО СЕКОЈ ПРЕГЛЕД НА ВИДЕОТО: Хуманитарна акција на Алкалоид со песната „Чукни во дрво“

Ви препорачуваме

ДОНИРАТЕ СО СЕКОЈ ПРЕГЛЕД НА ВИДЕОТО: Хуманитарна акција на Алкалоид со песната „Чукни во дрво“

Уникатна хуманитарна кампања на македонската компанија „Алкалоид“ – секој преглед на преработката и изведба од децата кои се дел од проектот „Дајте музика“ на песната „Чукни во дрво“ значи еден денар повеќе кој компанијата ќе го донира во хуманитарни цели.

Изведувана и преработувана повеќе од 3 децении од сериозни музичари од земјава и од регионот, овојпат довербата за нејзина изведба авторот Влатко Стефановски им ја додели на најмладите. Безвременските стихови и уникатната преработка и изведба од децата кои се дел од проектот „Дајте музика“ ќе добијат и хуманитарна нота.

„Чукни во дрво“, со музика и текст на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, за првпат е објавена во 1989 година, како нумера од последниот студиски албум „Путујемо“ на култната група „Леб и сол“. „Алкалоид“ АД упатува посебна благодарност до Влатко Стефановски за пренесените права за користење на песната. Видеоспотот ќе биде поставен на дигиталните канали на „Алкалоид“ АД (YouTube, Facebook и Instagram). Од 10 јуни до 20 септември 2021 година, по повод својот 85 – годишен јубилеј, компанијата за секој преглед на видеоспотот ќе ѝ донира по еден денар на Универзитетската клиника за детски болести.

Приказната во видеоспотот поаѓа од изработка на картички, кои најмалите деца ги подготвуваат во училишниот двор, а се наменети за општествените категории граѓани кои, иако беа засегнати со пандемијата, во ниту еден момент не запреа со своите дејности. Картичките со порака: „Ви благодариме! Здравјето пред сѐ“ поголемите другари и членовите на бендот ги дистрибуираат до полицијата, фармацевтите, пекарите, градскиот превоз, уметниците, здравствените работници и други. Тие се хероите од времето на новото нормално, кои неуморно се грижеа за навремена достава на храна, лекови и други основни намирници; се бореа за секој човечки живот, се грижеа за јавниот ред и мир, комуналната хигиена, редовниот превоз, доставата и за непречено функционирање на основните потреби на граѓаните за време на пандемијата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.