Galaxy Z Flip6 – телефон на преклоп за максимална креативност
Дали посакувате телефон кој ќе ја изразува вашата личност, кој ќе ги прави најоткачените фотографии и кој секој ќе го забележи? Одговорот е едноставен: Galaxy Z Flip6.
Овој уникатен и извонреден телефон кој Samsung неодамна го лансираше со својата најнова генерација телефони на преклоп, веќе важи за докажан уред кој ги надмина очекувањата на своите корисници, нудејќи не само телефон, туку вистинска платформа за личен израз и креативност.
Galaxy Z Flip6 е за сите оние кои сакаат нешто уникатно и персонализирано. Со помош на надворешниот екран FlexWindow, буквално можеш да го направиш телефонот по свој вкус, давајќи му го посакуваниот изглед на главниот дисплеј кој ќе ја одразува твојата личност. Еден од главните адути на Galaxy Z Flip6 е можноста за лесно менување на теми, икони и дури и самата функција на копчињата на екранот, и сето ова може да биде изразено во минималистички стил или пак во смели шарени комбинации.
Galaxy Z Flip6 ќе ја поттикне твојата имагинација, бидејќи неговите перформанси и можности со камерите се токму за тоа создадени. Системот од камери со ВИ функции за брзо уредување на слики и видеа, го прават совршен за создавање и споделување на креативни содржини, додека пак единствената форма на преклоп со функцијата FlexCam овозможуваат снимање од различни агли. Дали ќе го искористиш преклопот за да го погодиш вистинскиот агол секој пат кога снимаш видео со тебе во него додека телефонот е поставен како шатор, или пак за совршената фотка со твојата БФФ, Galaxy Z Flip6 нема да те изневери, туку напротив – ќе те возхити со сé што можат неговите камери. Со режимот Flex Mode, исто така можеш да го поставии телефонот како статив, што отвора нови хоризонти за креативност, без оглед дали снимате видео блог, правите селфи или едноставно се забавувате со новиот начин на фотографирање. Функцијата ProVisual со вештачка интелигенција максимално го користи новиот сензор со широк агол од 50 MP и сензорот со ултра широк агол од 12 MP поддржан од Super HDR, за да „го фати“ совршенио кадар во сите услови. Функцијата Nightography обезбедува јасна слика дури и при услови на слаба осветленост, а сега е достапна во апликацијата Instagram Story, за да можеш директно да снимаш и објавуваш фотографии. Со таква технологија, секогаш ќе можеш да ги снимиш совршените моменти, без оглед на условите на осветлување.
Galaxy AI функции кај Galaxy Z Flip6
Вештачката интелигенција Galaxy AI* кај најновата генерација телефони на преклоп на Samsung продолжува да биде главниот адут кој го сместува Galaxy Z Flip6 меѓу водечките телефони на преклоп на денешницата. Таа ги поддржува речицинсите функции на уредот, па така неговиот 50-мегапикселен сензор, кој поддржува двојно зумирање за снимки без бучава, исто така вклучува и AI зумирање за напредно искуство со фотографирање со зголемување до 10x. Тука се и стандардните, веќе познати ВИ функции за подобрување на комуникацијата како предложени одговори низ апликациите за пораки, и тоа врз основа на анализа на најмногу 7 неодамнешни пораки, Galaxy Z Flip6 ќе предложи три оптимални одговори за да можеш да одговараш и кога си во движење. Ако пак го отвориш телефонот, ќе можеш да го искористиш максимумот од двојниот екран кога си во FlexMode со користење на преведувач за лесно двонасочно преведување. И секако, тука е и славната ВИ функција, пребарување со заокружување, која Samsung премиерно ја лансираше кај своите телефони во оваа 2024 год.
Саат кој совршено оди со Galaxy Z Flip6
Но, креативноста не завршува тука. Новиот рачен часовник Galaxy Watch7 е совршениот додаток за Galaxy Z Flip6. Со својот префинет дизајн и напредни ВИ функции, Galaxy Watch7 е одличен уред, кој покрај својата забележливо стилска експресија, е одличен асистент за секојдневно следење на личното здравје и општата благосостојба, овозможени од функции напојувани од вештачка интелигенција.
Часовникот од серијата Galaxy Watch7 детално следи повеќе од 100 вежби и гради рутини со комбинирање на различни вежби, сé со цел да ги постигнеш претходно зададените цели. Неговите функции ќе ти овозможат споредување на тековните и минатите изведби на вежбите во реално време, за полесно да го следиш својот напредок и да останеш мотивиран/а. А покрај сево ова, овој часовник е и одличен моден детал, кој можеш да го прилагодуваш во различни бои кои одговараат на твојот аутфит.
Дополнително, ако го сакаш севкупното искуство, тука се и најновите модели на слушалки Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro кои донесуваат ново ВИ комуникациско и најнапредно аудио искуство. Сите овие фантастични Galaxy уреди – телефон, часовник и слушалки – совршено комуницираат меѓу себе креирајќи единствено Galaxy искуство кои постојано го подобрува и олеснува секојдневното живеење.
* Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно најрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.