ХИТ ЛЕТНА ДЕСТИНАЦИЈА: Ова се 10-те најубави плажи во Црна Гора
Црна Гора е една од земјите која слободно може да кажеме дека ги поседува некои од најубавите плажи на Јадранското Море.
Па затоа ако вашиот избор за ова лето е токму Црна Гора, но сè уште се размислувате кое место да го изберете ова се 10 најубави плажи каде со сигурност ќе имате одличен одмор:
1. Краљичина плажа
Долга 120 метри и сместена во близина на Свети Стефан, оваа плажа го добила името по Марија Караѓорѓевиќ, југословенска кралица, која сакала да одмора на оваа плажа.
2. Кралска или голема Милочерска плажа
Ништо помалку ексклузивна не е и големата Милочерска плажа, попозната како Кралска плажа, која се наоѓа кај хотелот „Вила Милочер“. Долга е 280 метри и препознатлива по кристално чистата вода и прекрасната милочерска шума која ја опкружува.
3. Каменово
Едно од омилените места за младите луѓе е секако плажата Каменово. Сместена меѓу Бечичи и Пржно, позната е по тиркизната вода и лудите забави.
4. Могрен
Заштитниот знак на Будва и плажа која со право го носи епитетот скапоцен камен на црногорското крајбрежје. Плажата го добила името по шпанскиот морепловец Могрен кој доживеал бродолом во Јадранското Море и бил исфрлен од брановите токму на оваа плажа.
5. Бечичи
Плажата на Бечичи е една од најубавите и најдолгите плажи на јужниот дел од Јадранот. Песочна, долга 1.950 метри, ова е официјално единствена црногроска плажа која за својата убавина добила и награда. Во далечната 1935-та година во Париз била и официјално прогласена за најубава плажа во Европа.
6. Лучице
Ако сакате мир и тишина ова е дефинитивно местото кое треба да го посетите. Долгата песочна плажа и тиркизното море се совршено надополнети од боровата и чемпресова шума која се издигнува високо над морето.
7. Барска краљичина
Оваа плажа се наоѓа во близина нај Чањ, и единствен начин да стигнете до неа е со чамец или брод.
8. Велика плажа
Една од најубавите и најпопуларните плажи сместени во Улцињ. Со својата должина од 12 километри таа е едно од местата кое никако не смеете да го пропуштите ако решите одморот да го поминете во Црна Гора.
9. Јаз
Сместена на само 10 минути возење од Будва, оваа плажа е позната како место каде можете да се рекреирате со повеќе видови водни спортови, но и да уживате во богатата морска кујна во многуте ресторани и кафулиња.
10. Трстено
Плажата Трстено е длабоко вовлечена во копното и така е заштитена од големи бранови и бури. Позната е по песочното морско дно, прекрасната боја на морето и недопрената околина. Заради плитката вода таа е одличен избор доколку имате мали деца.