Храна за „добра ноќ“ – нема да се здебелите, а полесно ќе заспиете
И покрај тоа што нутриционистите нагласуваат дека не е добро да се јаде три часа пред да се оди во кревет, постојат производи кои секогаш се препорачуваат, бидејќи освен што нема да ве здебелат ќе ви помогнат полесно да заспиете.
Се разбира, најчести рецепти за подобар сон на прво место се чаша топло млеко или чај од камилица, па за нив нема многу да пишуваме.
Но, оревите на пример се добра тема, бидејќи се одличен извор на триптофен, аминокиселина која во телото се претвора во серотонин, хормон кој е од суштинско значење за добар сон. Имајќи во предвид дека покрај тоа содржи и мелатонин, втор елемент кој е потребен за добро спиење, неколку ореви пред спиење е најдобар избор.
Покрај оревите слободно можете да земете и бадеми, кои се богати со магнезиум. Истражувањата покажуваат дека лицата со недостаток од магнезиум имаат проблеми со спиењето.
Туната и лососот се богати со витаминот Б6 кој учествува во производството на серотонин и мелатонин , а покрај нив во големи количини ги содржат и ф’стаците и свежиот кромид. Бидејќи салатата содржи лактуцин, важен за опуштање на телото, една лесна салата претставува одличен избор за вечера.