ЛЕТО ВО ЧАША: Подгответе освежително смути од лубеница
Ова смути е лето во чаша! Толку е освежително во топлите летни денови, па сега е идеално време да го пробате. Овој пат ви претставуваме рецепт за смути од лубеница, замрзнати јагоди и свежо сок од лимон, кој ќе ве освежи во летните денови и ќе ви даде енергија за започнување на денот.
Лубеницата е едно од омилените вистински освежувања во летниот период. Освен што содржи повеќе од 90% вода и помалку од 10% овошен шеќер, богата е со витамини, посебно каротини (бета каротин), витамин Ц и витамините од Б групата. Од минералите содржи калиум, калциум, магнезиум, фосфор, цинк, железо и бакар.
Смутито од лубеница е нискокалорично, вегетаријанско, па е одлична храна за време на диети, како и за сите кои практикуваат здрав начин на исхрана.
Состојки:
- 3 чаши парчиња од лубеница, исчистени од семките
- 100 грама замрзнати јагоди
- 1 до 2 лажици свежо цеден сок од лимон
- по желба мед доколку овошјето не е целосно зрело.
Подготовка:
- Парчињата лубеница ставете ги во блендер и миксирајте ги додека добиете хомогена смеса.
- Потоа додајте ги јагодите и сокот од лимон, и повторно кратко миксирајте.
- Готовото смути од јагоди послужете го веднаш или чувајте го во фрижидер максимално 1 ден.