Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Македонија на Европско“ на ДНК е трендинг број 1 на „Јутјуб“

Ви препорачуваме

„Македонија на Европско“ на ДНК е трендинг број 1 на „Јутјуб“

„Македонија на Европско“ на ДНК е трендинг број 1 на „Јутјуб“

По само 48 часа од пуштањето во етер на нумерата со наслов „Македонија на Европско“ момците од ДНК веќе имаат неверојатни повеќе од 100 илјади прегледи. И тоа не е сè, затоа што нивно е и првото место во трендингот на Јутјуб.

„Ова е доказ дека сме направиле добра работа, дека имаме песна која ѝ се допаѓа и е прифатена од страна публиката, песна која во себе носи многу позитивна енергија и убава порака. Навистина сме среќни што сите се сплотивме и што кон нашите фудбалери испраќаме, пред сè, позитивна енергија и многу љубов“, велат Панчо и Андреј.

Песната посветена на црвено-жолтите собра и еден куп позитивни коментари, а симпатиите особено одат на сметка на видеото во кое буквално врие од пријатели, колеги, спортисти и спортски легенди и, секако, поддржувачи на фудбалерите.

– Сите легенди на едно место, сите играчи, селекторот Ангеловски, навивачите и НАЈДОБРИОТ КОМЕНТАТОР НА БАЛКАНОТ… Браво сите македонски легенди на едно место…, Само вистински Македонец може да се наежи… Сега душата се радува, затоа што има зошто душа да е! Оваа Македонија ќе живее, ќе живее уште!…. ова се само дел од коментарите под видеото, кое дефинитивно е едно од „најозборуваните“, но и највртените деновиве.

– Веруваме во песната, веруваме во момците и #Македонија на Европско, велат Панчо и Андреј.

Колку за потсетување, како автори на „Македонија на Европско“ и овој пат се потпишуваат Панчо и Лазар Цветковски, во чие студио и е снимена, продуцирана и мастеризирана „Македонија на Европско“. Видеото, пак, е со потписот на режисерот Владимир Митревски – Ѓуле.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.