Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Мирисот на книгата – прв литературно-забавен поткаст кој ја афирмира македонската литература (ВИДЕО)

Ви препорачуваме

Мирисот на книгата – прв литературно-забавен поткаст кој ја афирмира македонската литература (ВИДЕО)

Мирисот на книгата – прв македонски литературно – забавен поткаст кој ќе ја афирмира македонската и светската литература преку директна интеракција и промоција на авторите.

Низ возбудливи приказни на авторите за нивните дела, атрактивната водителка Татјана Алексиќ, ќе се обиде да не внесе во еден нов свет во кој владеат убавиот збор, македонската литература, нашите соседи, пријатели – автори, кои со своите дела оставаат траен белег врз македонската и светската култура.

Низ подкастот ќе продефилираат многу оригинални ликови кои го обележаа македонското и светско културно живеење во изминатите декади.

– „Книгите се чудо, ги има во разни облици, големини, содржини, видови, жанрови, типологии, со нив можеш до крај на светот и назад, тие живеат, дишат, толкуваат и зборуваат, ти ги читаш, а тие те прочитале. За жал, Гутенберговата галаксија како да е изморена, книгите стануваат алтернатива пред електронските помагала. Повеќе од било кога денеска е присутна мислата на Милтон „Да убиеш книга е исто како да убиеш човек“ – отфрлајќи ги книгите се отфрламе себе си, живееме паралелно покрај сопствениот живот како странец здомен во отуѓениот човек на Алберт Ками.“ – вели професорката Алексиќ.

„Цивилизацијата на книгата“ ја заменивме со „цивилизацијата на сликите“ , визуелната, дигитална и масовната култура направи своја империја каде книгите се борат за својот вековен пиедестал.

Посветено на сите книгољупци, книгомолци, читатели и писатели, на stranica.mk поткаст Мирисот на книгата со македoнски автори на кирилица.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.