Ви препорачуваме
Новогодишна кампања на Телеком – како да ѝ дадеме подобар крај на 2020? (ВИДЕО)
Празничната атмосфера како да недостасува на крајот од годинава која ни постави многу предизвици и прашања на кои сѐ уште не го знаеме одговорот.
Но, можеме да ја испратиме годината што ни предизвика толку непријатности со мали добри гестови, ни порачува новогодишната кампања на Телеком.
И покрај сите откажани родендени, свадби и фестивали,.. и покрај сè што пропуштивме, сѐ уште имаме време да измамиме насмевка кај луѓето што ги сакаме.
Кампањата нè инспирира да најдеме позитивна енергија во себе и да ја споделиме, за да ставиме подобар крај на годината и да влеземе во новата со надеж за подобра иднина.