Откриена тајната на Роналдо – пие неколку литри вода, а никако Кока-Кола
Португалскиот фудбалер Роналдо се чини дека му пркоси на времето. Иако има 36 години, тој е сепак рекордер кога станува збор за професионалниот фудбал, постигнувајќи 36 голови на 44 натпревари за Јувентус.
Роналдо може да се пофали со одличната физичка кондиција, а овие резултати доаѓаат од напорните тренинзи и специјалните диети кои Португалецот ги применува.
“Тој пие литри и литри вода, никако Кока-Кола. Секогаш јаде исто. Брокула, пилешко и ориз. Кристијано сака да победи во секое време и на секое место. Тој ги тера младите играчи да растат. Навистина ве вклучува во сè”. – велат извори блиски до фудбалерот.
“Тој не ги прави стомачните вежби од суета, туку затоа што на своето тело гледа како на инструмент за работа. Роналдо не стои пред огледало цело време. Нема време за тоа. Кога тој е во клубот, тој претежно тренира. Тој навистина живее за својата работа. Многу е убаво момче, но во исто време го сфаќа фудбалот многу сериозно. Тој не зборува за ништо друго во автобусот. Ќе биде многу мотивиран против Белгија “. – додава изворот.