Овој чај е вистинско богатство за вашиот организам
Шафранот е познат со векови – и ова е можеби единствениот зачин чија вредност малку се променила од средниот век, кога половина килограм од овој зачин можел да се замени за арапски коњ.
Шафранот е скап затоа што е потребно многу труд за неговото одгледување. Најмногу се одгледува во Грција, Индија, Иран, Италија и Шпанија. Шафранот потекнува од цветот Crocus sativus. Секој цвет има три толчници кои се берат рачно.
Денеска е сеуште ценет како зачин кој се користи во готвењето и како алтернативен начин за лечење разни болести. Неколку студии имаат докажано дека шафранот е ефикасен за најразлични потреби. Како и многу други зачини може да се користи и како чај. Во продолжение откриваме зашто би требало да го испробате:
Природен антидепресив
Се верува дека овој зачин го подобрува расположението. Според истражувањата, тој всушност може да ги намали симптомите кај луѓето со депресивно нарушување. Како резултат, шафранот може да се користи како алтернатива на лековите против депресија.
Помага на срцето
Шафранот содржи многу различни хемиски состојки, а некои од нив можат да помогнат во намалување на крвниот притисок и новото на холестерол во крвта. Овој зачин е одличен за превенција од срцев удар и други кардиоваскуларни заболувања.
Ги намалува симптомите на ПМС
ПМС кај жените може да предизвика големи проблеми, кои одат од промена на расположението до физички нелагодности. Шафранот докажано го подобрува расположението, ја ублажува желбата за слатка храна како и осетливоста на градите. Исто така помага и при лечење на менструални болки.
Ја подобрува меморијата
Шафранот содржи кроцин и кроцетин, кои помагаат во подобрување на меморијата и ефикасноста на учењето. Некои истражувачи веруваат дека тој има потенцијал за лечење на некои заболувања кои го опфаќаат мозокот, како Алцхајмерова и Паркинсова болест.
Превенција од канцерогени заболувања
Шафранот е богат не само со антиоксиданси, туку и со флавоноиди. Едните помагаат во одбрана на телото од штетни супстанци, а другите штитат од болести.
Како се подготвува чајот од шафран
Чајот од шафран може да се подготви без адитиви со едноставно потопување на зачинот со врела вода. Меѓутоа, вкусот може да делува многу јак и горчлив, поради што многумина препорачуваат мешање на шафранот со некои други билки или зачини. На пример, чајот од шафран совршено се вклопува со кардамом и кокосово млеко.